Русија и Украина се договорија за привремен прекин на огнот во два јужни града за да им овозможат на цивилите да се евакуираат.

Тоа е прв прекин на огнот од кој било вид откако Русија ја нападна Украина пред десет дена.

Иако е добра вест за цивилите во Мариупол и Волноваха кои сакаат да заминат, овие два града се единствените места опфатени со привремениот договор.

Во меѓувреме, градовите низ државата продолжуваат да се бомбардираат.

Евакуацијата треба да започне за нешто помалку од еден час, во 11:00 часот по локално време (09:00 GMT), пренесува Би-Би-Си.