Министерот за надворешни работи Бујар Османи итно отпатува во Брисел, каде рано утрово се одржува вонреден состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, заедно со ЕУ и партнерите Шведска и Финска.

Пред почетокот на состанокот, Бујар Османи пред медиумите кусо изјави дека Украина не е сама во оваа борба, дека нашата држава, како и речиси сите држави, што покажало гласањето во Обединетите нации, цврсто стојат против Путин и оваа војна. Тој воедно потенцираше дека и Северна Македонија се приклучила на санкциите кон Русија, а одговарајќи на новинарско прашање изјави дека проширувањето на НАТО на Западен Балкан е одлична работа, бидејќи со тоа се зацврстува безбедноста и стабилноста на овој регион.