Парламентарното мнозинство создаде услови за враќање на мнозинството во Комисијата за избори и именувања.

Пратеникот Фадил Зендели, кој беше именуван за член на оваа комисија од редовите на мнозинството уште од времето кога Беса беше дел од владата, повеќе нема да биде дел од оваа комисија. Засега не се знае кој пратеник од мнозинството ќе го заземе неговото место. Но, разрешувањето на Зендели, според власта, отвора пат за деблокирање на собраниските тела и работата на законодавецот.

Една од најитните постапки е именувањето на четворица нови судии во Уставниот суд. Опозицијата предупредува за партиски именувања.