Украинскиот претседател Владимир Зеленски им вети на Украинците дека ќе се плати штетата врз инфраструктурата во неговата земја предизвикана од воената инвазија на руските сили.
Тој вели дека цената за тоа ќе ја плати Москва.
„Ќе ја вратиме старата состојба на секоја куќа, секоја улица, секој град и на Русија и кажуваме: Научете го зборот репарации и отштета. Ќе ни вратите во целост се што направивте против нашата земја, против секој Украинец“, рече Зеленски во видео порака.