Непожелниот за Вашингтон, шверцуван во Њујорк, вели пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски за назначувањето на професерот Љубомир Фрчкоски за ополномоштен амбасадор во Обединетите нации во Њујорк, ова го напиша пратеникот Антонио Милошоски на социјалните мрежи откако се појави веста дека Фрчкоски ќе биде амбасадор во ОН во Њујорк.

Извршната власт ја злоупотребува војната во Украина, бидеќи додека јавноста е преокупирана со оваа криза, власта смета дека сега е моментот да шверцува се што е спорно и незаконито, смета Милошоски.

Еве што друго вели Милошоски:

Таква незаконитост е и указот на Пендаровски со кој Фрчкоски се упатува за амбасадор во Обединетите Нации, без да се исполнат условите пропишани во чл.39 од Законот за надворешни работи. Прескокнувајќи го Собранието, како единствен контролен механизам на извршната власт, претседателот Пендаровски покажа дека долгот кон владата на СДСМ/ДУИ му е побитен од демократските процедури.
Второ, да упатиш на територијата на Америка (ОН во Њујорк) амбасадор кој со сериозни забелешки бил одбиен како непожелна личност од Вашингтон е чин со кој се деградираат многу квалитетни амбасадори кои ги има Македонија, но се исмејува и вољата на САД како земја домаќин.
Трето, во рамките на ОН постои многу важна дипломатска група “амбасадори на НАТО членки”, која има редовни состаноци за координација. Амбасадорот на САД е една од најбитните алки во таа дипломатска НАТО група, но се сомневам дека истиот ќе сака да сподели битни информации со Фрчкоски како личност кого неговата земја одбила да го прими во Вашингтон. Со тоа дополнително ќе биде нарушен угледот на Македонија во ОН, и активностите на нашата мисија во оваа организација ќе бидат маргинализирани, пишува Милошоски на Фејсбук.