САД се подготвени за дијалог за Украина доколку Русија ја повлече својата војска, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. СВЕТАмерика е подготвена за преговори, но под еден услов.

САД се подготвени за дијалог за Украина доколку Русија ја повлече својата војска, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Доколку Русија ги повлече своите сили и е подготвена за преговори, ние сме подготвени да го сториме истото“, рече Блинкен. Според него, САД се отворени за преговори со Русија во различни сфери, вклучително и безбедноста, но и за деескалацијата во Украина.

Блинкен рече дека западните земји ги координираат акциите насочени кон забрзување на испораката на опрема за противвоздушна одбрана, противтенковски системи и друго оружје за Украина. Воведувањето беспилотни зони може да предизвика воен конфликт меѓу САД и Русија, изјави шефот на Пентагон, Лојд Остин во интервју за телевизијата Ен-Би-Си. Тој посочи дека изјавите за можна употреба на нуклеарно оружје се опасни и треба да се избегнуваат на секој начин. Американскиот дипломат изјави дека САД документираат смртни случаи на цивили за време на руската специјална воена операција во Украина и ќе побараат одговорност за тоа. Блинкен сепак не сакаше да одговори на прашањето дали има случаи кога цивили загинале по вина на руски војници.

Тој рече дека Вашингтон целосно ќе го поддржи Киев доколку одлучи да ги продолжи преговорите со Русија. Да потсетиме, денеска се очекува втората рунда преговори меѓу Русија и Украина во Белорусија.