Министерството за надворешни работи на Словенија денеска повторно го повика на разговор рускиот амбасадор Тимур Ејвазов, на кого државниот секретар Гаспер Довзан му врачи протестна нота со барање за извинување и оштета, соопшти словенечкото МНР.

Во напад извршен вчера е уништена административната зграда на централниот плоштад каде што се наоѓаше словенечкиот конзулат. Почесниот конзул Анатолиј Бондаренко не е повреден во нападот.

Словенија најостро го осудува недозволивиот чин и воената агресија на Руската Федерација врз суверена држава, соопшти Министерството, по повод рускиот напад врз Украина и продолжувањето на нападите врз украинските градови.

Според соопштението, ова е грубо кршење на меѓународното право и човековите права, а уништувањето на цивилни цели е воено злосторство.