Чешка ќе донира   автоматски и снајперски пушки, пиштоли и муниција во вредност од 7,6 милиони евра на Украина, објави министерката за одбрана на таа држава.

„Владата одобри натамошна помош за Украина, која се соочува со руски напад“, напиша министерката Јана Чернохова на Твитер.

„Министерството за одбрана ќе се погрижи и за транспортот до место поставено од украинската страна. Нашата помош не е завршена“, додава таа.

Прага во јануари и донираше на Украина 4.000 артилериски гранати во вредност од 1,5 милиони евра.