Амбасадорите на земјите од ЕУ во РС Македонија заедно со амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз, шефот на делегацијата на ЕУ во РС Македонија Дејвид Гир и амбасадорката на Украина Наталија Задоружњук се собраа пред седиштето на делегацијата на Европската унија во Скопје, за да ја искажат својата солидарност кон Украина која стана објект на воена агресија од страна на Руската федерација.

Амбасадорите на Германија Анке Холштајн, Франција Сирил Бонгартнер, Словенија Милан Предан, Хрватска Нивес Тигањ, Бугарија Ангел Ангелов, Италија Андреа Силвестри, Шпанија Емилио Лоренцо Сера, Шведска Кристин Форсгрен Бенгстин, Велика Британија Рејџел Галовеј, Холандија Дирк Јанкоп и други, се собраа пред седиштето на делегацијата на ЕУ во Скопје кое беше обоено во боите на украинското државно знаме, за да ја изразат својата поддршка за земјата која стана објект на напад од страна на трупите на руската армија.

Симболичниот собир под мотото „Stand with Ukraine“ имаше за цел да ја покаже поддршката на земјите од ЕУ, САД и Велика Британија кон народот на Украина.

Погледнете ја галеријата овде.

Извор: Трибуна