Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.669 тестови, а регистрирани се 517 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 72 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица. Во изминатото деноноќие регистриран сe 1.022 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 4.644.