Европската Унија денеска соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, сака да ја уништи Украина, споредувајќи ги неговите постапки со оние на нацистите од Втората светска војна.

„Тој зборува за денацифицирање на Украина, но се однесува како нацистите. Само тоа му е во главата“, изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано, како коментар на тврдењата на Путин дека се спроведувал „геноцид“ врз руското население во Украина.