Новинарите на светските агенции ги документираат воените активности низ Украина, каде растат дезинформациите за време на руската офанзива од земја и од воздух.

Со оглед на тоа што социјалните мрежи подгреваат разни тврдења, во зависност од тоа која ја страна ја поддржуваат, Бета, повикувајќи се на АП пренесува листа на настани што може да се потврдат. Активност со директни сведоци:

Руски воени возила преминуваат од Белорусија во Украина на преминот Сенковка во Черниговската област.
Руски воени возила го минуваат мостот кај Тавриск и Нова Каховка во јужната Херсонска област и руски воени хеликоптери летаат над тоа подрачје.
На снимка од безбедносни камери се гледа како руски воени возила преминуваат од Крим кон територија контролирана од владата на контролниот пункт Армијанск.
Експлозии околу Киев и нивни последици.
Над Киев летаат хеликоптери, за кои се верува дека се руски.
Пожар во близина на седиштето на украинската разузнавачка агенција
Експлозии во Дњепар во источна Украина.
Експлозии во близина на аеродромот и складишта за бомби во Миргород во источна Украина, вклучително и звук од гранатирање.
Последици од експлозии во Мариупол, стратешки град на Азовското Море во близина на руската граница.
Експлодира граната во станбена зграда во источниот град Харков; жител ја опиша експлозијата и рече дека соседот бил ранет во ногата и бил однесен со брза помош.
Веднаш надвор од областа контролирана од сепаратистите, во Бахмут, воени офицери стационирани на патот и гужви во редови на бензински пумпи и банки за да се подготват за бегство.
Во Сијеродоњецк семејства се кријат во засолништа за бомби по извештаите за две експлозии.
Украинските и руските власти соопштија:

– Борба во Хостомел, на седум километри од Киев.

– Воен авион се урна во областа Обухив, 40 километри јужно од центарот на Киев. Во авионот имало 14 лица, нема утврдени жртви. (Украинско Министерство за вонредни ситуации)

– Бомбардирање на електрична централа во Трипиљи, 40 километри јужно од Киев, во приближно истата област каде што претходно беше соопштено дека се урнал украински воен авион (Канцеларија на претседателот на Украина)

– Руската армија објави дека уништила 74 украински воени објекти, вклучително и 11 воздушни бази (Руско Министерство за одбрана).