Илјадници жители на украинската престолнина Киев го напуштаат градот со своите автомобили. Сето ова се случува откако Русија утрово изврши инвазија врз Украина од три страни, а бомбардирани се неколку градови. Според украинските власти досега загинале 40 војници и десетина цивили, а најмалку уште толку се повредени.