Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе има телефонски разговор со украинскиот премиер Денис Шмигаљ по што ќе се знае каква помош Северна Македонија ќе може да ѝ упати на Украина.

Ова денеска го најави портпаролот на Владата Душко Арсовски одговарајќи на новинарско прашање дали нашата земја би можела да прифати евентуални бегалци од Украина, колку би биле и каде би биле сместени.

„РСМ и досега во повеќе наврати помагала во слични ситуации и секако дека ќе понудиме помош. Премиерот Ковачевски денеска телефонски ќе разговара со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ, и една од темите ќе биде токму таа, за видот на помошта која би можеле да ја обезбедиме“, рече Арсовски.