Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски реагираше на изјавите на министерот Бујар Османи за испраќањето амбасадори и конзули сега и во времето на ВМРО-ДПМНЕ и рече дека тоа е спинување.

„Спинувајќи со дипломатски именувања од пред 10 години министерот Османи имплицитно признава дека само пред 10 дена именувањето на генералните конзули во Чикаго и Њујорк биле спротивни на членот 49 од законот за надворешни работи.

Битно е да се знае кога Османи ќе го покаже пред јавноста записникот од затворените седници на кои се донесени незаконитите одлуките за генералните конзули во Чикаго и Њујорк и дали некој актуелен функционер ќе понесе одговорност или пак Наќе е крив?“, вели Милошоски.