Премиерот Димитар Ковачевски со видео порака го сублимираше и оцени учеството на владината делегација на годинешната Минхенска безбедносна конференција која оваа година по 58 пат собра над 30-тина шефови на држави и влади и највисоки членови на влади и претставници на најугледните меѓународни организации. Тој порача дека на оваа конференција бил прецизиран фокусот кон заедничко надминување на сите предизвици поставени пред Европа, САД и светот. Додава дека Северна Македонија уште еднаш добила моќна поддршка од сите сојузници и партнери.

На средбите со највисоките претставници на НАТО, ЕУ, Соединетите Американски Држави и со сите останати, ја потврдивме нашата определба за зачувување на безбедноста и стабилноста, како на регионот, така и во светски рамки. Уште еднаш добивме едногласна и моќна поддршка од сите сојузници и затоа остануваме и понатаму силно посветени на евроинтеграциите, нашиот европски пат е трасиран и јасен. Новиот пристап и енергија во разговорите со Софија беше препознаен како правилен и по него треба да продолжиме за конечно да ги надминеме разликите, изјави премиерот Димитар Ковачевски.