Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска обвини дека во Собранието четири дена има тензии во Собрание и како што вели манипулации во јавноста од страна на СДСМ и ДУИ кои се со цел да се протурка штетен закон за продлабочување на партизацијата во образовниот процес.

-СДСМ шверцерски како и секогаш што прави, сака неделовнички на дневен ред во Комисијата за образование, наука и спорт, да се стави закон којшто има за цел целосна партизација на образованието. Лажни се тезите на пратениците од владејачкото мнозинство кои напразно се обидуваат да го одбранат овој штетен закон. Со овој закон платите на просветните работници нема да се зголемат! Како што напоменав и претходно, овој закон има за цел само партизација во образованието. Со овој закон СДСМ и ДУИ предвидуваат укинување на еден од механизмите за контрола на квалитет во образованието, т.е. да се вработуваат наставниците и професорите на неопределено време без приправнички стаж. А, со тоа трансформацијата на работниот однос да се решава помеѓу неколку луѓе, по партиски клуч, помеѓу градоначалникот, директорот на училиштето именуван од градоначалникот, училишна комисија, како и комисија за трансформација. Целосна партизација во образовниот процес, вели Иванка Василевска.