Украинскиот лидер Володимир Зеленскиј предложи средба со рускиот претседател Владимир Путин со цел да се спречи инвазијата на Русија во Украина.
„Не знам што сака рускиот претседател. Поради оваа причина, предлагам да се сретнеме“, рече Зеленски на меѓународниот безбедносен форум во Минхен.
Зеленски, исто така, рече дека сака да свика состанок на глобалните сили за да обезбеди нови безбедносни гаранции за Украина, бидејќи сегашниот глобален систем е премногу слаб, повикувајќи ги членките на НАТО алијансата да бидат искрени дали сакаат Украина да се приклучи.
„Што можеме да направиме? Можеме да продолжиме силно да ја поддржуваме Украина и нејзината одбрана. Претстави… јасни, изводливи временски рамки за членство во Алијансата“, рече тој во Минхен.