Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 4.078 тестови, а регистрирани се 838 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 118 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати пациенти, а согласно Регистарот на починати со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 смртни случаи. Од вкупниот број на починати лица, кај 22 лица се регистрирани коморбидитети. Во изминатото деноноќие оздравеле 1.140 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 7.821.