Подигнати пешачки премини на улицата „Коце Металец“ за подобрена безбедност во сообраќајот во овој дел на градот, кои ќе ја намалат брзината на движење на возилата и ќе ја зголемат безбедноста учесниците во сообраќајот. Како што велат од Град Скопје обележана е и хоризонталната сигнализација на пешачките премини, а поставени се и заштитни столбови за дополнителна безбедност.