Владата глуми преговори со некои здруженија, новоформирани организации и симулира социјален и економски дијалог, во исто време кога во Собранието директно ги одбива предлозите за покачување на пензиите на пензионерите, платите на наставниците и останатите вработени во јавниот сектор. Ова денеска го соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на регионалниот отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од пелагонсикиот регион, Битола, Прилеп, Новаци, Могила и Ресен.