„Да се профилираме идеолошки, да видиме кој е центар, кој е десница и кој е левица. Да видиме кој за што се залага и на таков начин да дадеме една понуда до граѓаните“, изјави Милошоски.

Тој го поздрави градоначалникот на Тетово Билал Касами за неговиот избор на последните локални избори и изрази жалење за состојбата во која ја затекнал општината со која раководи.

Милошоски е дециден дека со начинот на кој што се трошеле буџетските средства во однос на големиот број договори на дело потпишани со поединци од општината, се добивале гласови од одредени семејства, но на долгорочен план тоа значи голема штета за сите граѓани на Тетово.

Според Милошоски радикализацијата на ДУИ е обид за камуфлажа на неуспехот што таа партија го има во изминатите 20 години.

„Откако е ДУИ на власт, повеќе Албанци и моја генерација со кои што сум учел се иселени од Кичево, одколку било кога претходно. Политиката што ДУИ ја води само ги полни автобусите во Кичево, во Гостивар, во Скопје, во Куманово и во други места на дипломирани лекари, на водоинсталатери, на сметководители на архитекти, кои што заминуваат во Германија, во Словенија, во Америка или некаде во други држави“, изјави Милошоски.

За нас подвлекува Милошоски побитна тема е како тој што гласал за ДУИ во изминативе 10 години, а живее во Скопје или во Струга, дали живее подобро од Крешник Бектеши во изминативе 10 години.

„Јас сум сигурен дека на просечниот гласач на ДУИ во последните 10 години му се намалува животниот стандард, додека на Бујар Османи, на Крешник Бектеши и на Фатмир Дехари во Кичево им се зголемува животниот стандард “, изјави Милошоски.