Последниот амбасадор во Софија Марјан Ѓорчев побара од МНР неговиот мандат да биде продолжен додека не се именува нов амбасадор, но Никола Димитров и Владата имаа недоверба и не му го продолжија мандатот. Ова го изјави поранешниот министер за надворешни работи и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во емисијата Дебати на тв Шења.

„Кога вие имате амбасадор, највисок дипломатски претставник во една земја домаќин, вие не ги штитите само своите интереси, туку покажувате и респект кон домаќинот. Ако вие имате прв советник или заменик-амбасадор во некоја држава вие испраќате порака дека не ги цените доволно и дека им испраќате човек на пониско ниво од највисокото“, изјави Милошоски во однос на прашањето со неименувањето на амбасадор во Бугарија веќе 2 години.

Милошоски во емисијата откри дека Ѓорчев споделил дека како амбасадор не му било дозволено да учестува во разговорите што се одвивале во Бугарија и на кои што биле присутни министерот Димитров и негови колеги од Владата.