Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовка се сретна со директорот на ЈП „Градски паркинг“ Бојан Христовски, со цел, како што вели на терен да ги утврдат можностите за отпочнување со нови монтажни катни паркиралишта на неколку локации од кои една до ТЦ „Чаирчанка”, на улицата Цветан Димов, во општина Чаир, простор на кој се планира да се изгради монтажно паркиралиште за да се зголеми бројот на паркинг места во овој дел на градот.

Како што вели Арсовска, со изградбата и дополнително овозможување на простор за нови паркинг места се отпочнува со креирање решенија за долгогодишните проблеми со недостатокот на паркинг во овој дел од градот.