Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски го покани министерот за надворешни работи Бујар Османи да даде отчет пред пратениците во врска со предлозите за нови конзули.

„Дипломатијата, за жал, често именува дипломати врз основ на личен клиентелизам, наместо врз основ на стручност. Последните примери со генералните конзули во Чикаго и Њујорк се доказ дека одредени кадровски решенија се носеле позади завесата ‘затворена владина седница’, иако не ги исполнувале предвидените законски услови. Затоа министерот Османи треба да даде отчет пред пратениците како претставници на граѓаните“, вели Милошоски, кој прво го објави писмото на Фејсбук, а потоа и одржа прес конференција во СОбранието.