На подрачјето на скопската општина Карпош, на 15 февруари, полицијата ги лишила од слобода Б. П. (56), Н. П. (50), М. П. (25), С. П. (19) и О. Р. (31), сите од Скопје, постапувајќи по пријава примена од страна на 52-годишна скопјанка, според која претходната вечер Б. П. протиправно го лишил од слобода нејзиниот 56-годишен сопруг.

Инспектори од Единицата за насилен криминал извршиле претрес во деловен објект на подрачјето на Карпош, сопственост на Б. П., при што е пронајдено пријавеното лице, а сторителите се приведени.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.