Kомисиска расправа за измените на Законот за минимална плата, кој се носи по скратена постапка. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го поддржи законот, но ќе поднесат само  еден амандаман – и останатите плати во јавниот сектор да пораснат и да се усогласаат со минималната.

Откако биде изгласан законот околу 80.000 работници во земјава од март – платата што ќе ја добијат во април не смее да им биде пониска од 18.000 денари.