Сите ние сме се нашле во ситуација да разговараме самите со себе си. Само што некои тоа го прават многу почесто за разлика од останатите. И тоа не само во приватноста на својот дом, туку и додека купуваат или се движат по улица.
Гласното размислување всушност ни помага да го материјализираме сето она за коешто и размислуваме. Исто така ни помага да најдеме смисла во “купот” од надојдени мисли. И сето тоа е навистина одлично, но знаеме и за еден мал проблем – кога разговараме на глас самите со себе си, делува како да сме помалку и луди, зарем не?
Меѓутоа, се испоставило дека сето тоа е погрешно. Зборувањето самиот со себе си е знак за генијалност, пренесува порталот BrightSide. Сепак, треба да се има предвид дека тоа зборување се разликува од расправањето самиот со себе си, викањето или зборувањето со некоја трета личност.