„Оние кои не работеле ништо и не доставиле редовен извештај за сработеното, ние ќе побараме да ги вратат. Доколку не ги вратат, преку суд ќе побараме да ги вратат. За штетата која ѝ е нанесена на општина Тетово ние веќе ангажиравме адвокати кои оформуваат предмет за кривична пријава против претходниот менаџмент за штетата која им е нанесена на општината и граѓаните на Тетово“, изјави актуелниот градоначалник на Тетово, Биљал Касами во емисијата во „Клик Плус“.

Според Касами, во 2021 година буџетот на Тетово бил оштетен за 1.1 милиони евра согласно договорите на дело потпишани од претходната градоначалничка Теута Арифи.

„Земале плата, а не оделе на работа имало и раководители на сектори кои добивале месечни примања и до 500 евра“, вели Касами, додавајќи дека се направени низа неправилности.

Касами тврди дека еден вработен, при влез ги откуцал картичките на повеќе колеги за да фигурираат како да се дојдени на работното место.

Градоначалникот открива дека со општински пари биле купувани телефони „ Samsung“ и iPhone во вредност од 1.000 евра, уреди кои не се знае каде се.