„Нејзиното име беше сосема обично, Јагодинка Симоновиќ. Мирисаше на свежо тесто, солени ѓевреци и пекарски квасец“, вака Славко Штимац ја опиша актерката Драгана Варагиќ, која имала 27 години кога се снимала култната сцена, во легендарниот филм, „Лажливо лето ’68“.
Осум години по снимањето на филмот, таа ја напуштила поранешната СФРЈ, отпатувала за Канада, каде што се занимавала со продукција. Денес повторно е во Србија, каде, според податоците на Википедија, работи како вонреден професор на Академијата за уметности во Белград.
Минатата година таа ја коментираше сцената со Славко Штимац.
– Не ми се јавуваат и не ми викаат на улица Јагодинка (се смее). Денеска со насмевка гледам на таа улога. Добив можност да го изберам нејзиниот акцент и песните што ќе ги пее. Младата пекарка ми е драга бидејќи е фина, нежна и комична – изјави Варагиќ.