На која граница меѓу Србија и Албанија во склоп на проектот „Отворен Балкан“ нема да има задржување. Ова прашање го постави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во емисијата Дебати на тв Шења. Николоски соопшти дека тоа прашање е поставено до ДУИ и било фер од страна на партијата на Али Ахмети да одговорат.

„Каде е границата меѓу Србија и Албанија, затоа што Србија вели дека има граница со Албанија, а Албанија вели дека нема затоа што го признава Косово. Ние како држава го признаваме Косово. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја призна независноста на Косово“, вели Николоски.

Тој е дециден дека во такви услови ВМРО-ДПМНЕ има резерви кон проектот „Отворен Балкан“, затоа што ние сме го признале Косово како независна држава.

Николоски ја обвини партијата ДУИ дека седи на две столчиња, лажејќи го народот со национализам, а кога треба да се претстават пред меѓународната заедница како конструктивен партнер да одговарате со да на сите прашања.