„Меѓународната заедница, односно делови од меѓународната заедница имаат сериозна скепса кон почетокот на преговори за Македонија, ако сакате и за Албанија затоа што сме во пакет“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во емисијата Дебати на тв Шења.

Според Николоски тоа е клучната причина врз Бугарија да не се врши притисок за решавањето на прашањата со РС Македонија.

„Во моментот најголемите и најмоќни држави членки на ЕУ со исклучок на една, имаат резерва за почеток на преговори на Македонија и на Албанија со ЕУ“, вели Николоски, додавајќи дека тие сметаат дека има има превисока корупција и прениско ниво на реформи.

„Бугарија во моментот нема никаков притисок да го отклони ветото кон Македонија“, изјави Николоски.

Според него не може да прави споредба со блокадата од страна на Грција и блокадата од бугарска страна, бидејќи ако Македонија си ги завршила своите домашни проблеми, решението со Бугарија ќе се донело од некој дипломатски тешкаш за едно попладне.