Александар Николоски изјави дека моменталниот изборен модел е сосема пристоен за условите во Македонија, потенцирајќи дека тоа е став на неговата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Нашиот став како политичка партија е дека за Македонија овој модел кој што е сега е релативно пристоен, со 6 изборни единици, има и регионална претставеност, има баланс, горе-долу го отсликува етничкиот баланс во државата, не можете тоа да го направите идеално, но ја има и таа слика и овој модел е во ред“, изјави Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Дебати на тв Шења.

Николовски додава дека доколку дојде до промена на изборниот модел, ВМРО-ДПМНЕ го поддржува мнозинскиот модел во еден круг, но истиот според него е неприфатлив за останатите партии, бидејќи тие знаат колку силни структури има неговата партија во земјата.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот на партијата дека тие се спремни да разговараат за една изборна единица, ако бројот на пратениците во Собранието се намали од 120 на 90.