„Секоја земја си има обврски, и Македонија исто така треба да си ги координира тие обврски со централата во Брисел и потоа да го испорача тоа за што има капацитет. Но, ќе кажам дека координацијата во Брисел за Македонија во голем дел би била полесна, доколку има свој амбасадор во Вашингтон. Ќе може полесно и побрзо да доаѓа до сериозни информации кои ќе можат да помогнат во градењето на заеднички став“, вели Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи.

„Се разбира дека остануваме посветени на сите операции и мисии на НАТО. Сето тоа значи не само привилегии, туку и свои обврски. Што се однесува до Украина, ние ќе продолжиме да се придржуваме до одлуките кои ги носат земјите – членки на НАТО“, коментира Андреј Жерновски, поранешен заменик министер за надворешни работи.

„Мислам дека Македонија во случајов не може да не заземе страна, бидејќи е земја – членка на НАТО. А, по однос на ставот за Украина и Русија, принципиелниот став дека треба да сè почитува територијалниот интегритет на Украина е став, кој исто така е став и на ОН, и сметам дека на соодветен начин треба истиот да се претстави без било какви комплекси “, вели Милошоски.

Целиот материјал прочитајте го во Гласот на Америка.