На социјалните мрежи и на приватни електронски адреси се појавуваат информации за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својата пратка.

Од АД „Пошта на Северна Македонија“ информираат дека не стојат позади ова и станува збор за неовластено преставување во име на Пошта.

„Ве известуваме дека во име на АД „Пошта на Северна Македонија“ на социјалните мрежи се појавува дезинформација за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својта пратка.АД „Пошта на Северна Македонија“ не стои зад овие објави, а секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност. Сите вакви случаи кои стигнуваат до нас, веднаш се документираат и се пријавуваат до МВР на понатамошно постапување.Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки го вршат нашите пошторазнесувачи.Ви благодариме што го пријавувате секој неовластен обид за злоупотреба на Пошта,“ стои во соопштението на АД „Пошта на Северна Македонија“.