Со церемонија на подигање на државното знаме на РС Македонија во Вишето военоморско училиште „Никола Јонков Вапцаров“ во Варна беа пречекани двајцата питомци од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, кои ќе посетуваат еден семестар во оваа образовна институција.

Македонските питомци ќе престојуваат во Вишето военоморско училиште во рамките на програмата „Еразмус +“, заедно со осум Романци од Поморската академија „Мирча чел Батран“.