Осумдесет илјади граѓани ќе добијат најмалку 18.000 денари минимална плата во мартовската исплата, објави денеска на својот фејсбук-профил премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, сума која е воедно и двојно покачување од минималната плата од онаа во 2014 година, стануваме предводници во Европа со висината на уделот на минималната во просечната плата.

-Оваа мерка ќе влијае позитивно и на останатите плати во сите други индустрии, со што ќе се подобри стандардот на сите граѓани, пишува Ковачевски.Владата, најави тој, продолжува со уште посилен интензитет да ја помага економијата и да создава услови за раст на платите, за извлекување на десетици илјади наши граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата.