На седницата на Комисијата за заразни болести (КЗБ) денеска беше предложено важноста на потврдите на лицата кои прележале ковид-19 да важи 180 дена. Во моментов истата важи 45 дена Друг заклучок што го донела Комисијата за заразни болести е да се спроведе скрининг на ковид во училиштата за да се види дали има трансмисија на коронавирусот меѓу учениците. Исто така станало збор и за тоа брзи антигенски тестови да им бидат бесплатно ставени на располагање на контакти на позитивни пациенти. Повеќе детали ќе следуваат на прес конференција на министерот за здравство.