Лидерката на ДОМ, Маја Морачанин смета дека сега веќе не зборуваме за минималната плата за да се обезбеди достоинствен живот на работниците, туку за пристоен живот, бидејќи ако минималната синдикална кошничка е 35.000 денари месечно, тоа значи дека со 2 минимални плати едно четиричлено семејство не може да ги обезбеди ниту минималните услови за живот.

-Ние во Устав сме декларирани како социјална држава. Непристојно е да се стои 110.000 граѓани работници кои секојдневно 40 часа имаат работна недела и на крајот од месецот да добиваат плата од 15.200 денари. Воопшто не е за дебата. Платата треба да се качи, категорична е Морачанин во гостувањето на емисијата „24 анализа“.