Од страна на Државен просветен инспекторат по извршениот вонреден инспекциски надзор во основното училиште Единство во Гостивар, на В.Д Директорот на стручната служба и на останатите тимови кои се непосредно вклучени во воспитно образовниот процес им е дадено укажување да се превземат соодветни мерки и активности за целосно вклучување на ученичката Амбла во воспитно образовниот процес. Треба да бидат посебно изготвени планови и програми согласно наодите и да се направи план за реализација на часовите кои не се реализирани поради бојкот на наставата на први и втори овој месец. Поради констатирани пропусти со записник при надзорот, ќе бидат превземени соодветни законски мерки согласно член 28 од Законот за просветната инспекција, како и согласно Законот за основното образование.