Дали пописот ќе покаже колку граѓани на Северна Македонија заминале во странство?

Директорот на Завод за статистика, Апостол Симовски, за ТВ21 вели дека тоа ќе може да се дознае индиректно, но не и времето кога мигрирале.

Симовски очекува резултатите од Пописот да се објават на 31 март според предвидениот рок и тврди дека се сè одвива според планот.

Пописот започна на 5, а заврши на 30 септември. Попишани се 1.832.696 жители, од кои 204.850 од дијаспората, а евидентирани се 837.255 домаќинства.

Повеќе на ТВ21.