Група граѓани започнаа иницијатива за признавање на македонските возачки дозволи во Шведска. Иницијатор е Јован Дуковски, а автори на петицијата се Радмила Борски, Дејан Борски и Благица Димеска.

Ви го пренесуваме текстот на петицијата во целост:
„Во последниве десет години се зголемува бројот на граѓани кои се преселуваат од Р. Македонија во Шведска по основ на работа. Ние имаме голема потреба Шведска да ги признае македонските возачки дозволи по примерот на нашата македонска заедница во Сојузна Република Германија и го оствари своето право на почетокот од 2018 година.

Ние имаме исто многу практични и економски причини за валидација и конвертирање на возачката дозвола што значи дека имаме исто право како тие што доаѓаат од земјите на Европската Унија.

Еден доста познат факт укажува на особено внимание на повеќе стотици професионални возачи на тешки теретни возила кои работат низ цела Скандинавија од 2005 година.

Сметаме дека е неопходно признавањето на македонските возачки дозволи во Шведска за да се олесни нивниот престој поврзан со работата.

Во овој прилог очекуваме позитивна одлука од релевантните институции и соработка меѓу Р. Македонија и Кралството Шведска“, стои во соопштението на иницијаторите.

На следниот линк можете да ја поддржите иницијативата.