Верувам дека тимот во кој што сме ние и претседателот е тимот на Бугарија, верувам дека неговото дејствување е во функција на она што тој смета дека е најдобро за бугарскиот интерес. Ако има несовпаѓање во нечија политика, тоа е улогата на поделбата на власта. Ова го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков денеска во Скопје.

Верувам дека нашиот заеднички интерес со претседателот е доброто на Бугарија. Како Бугари мора да се запрашаме што сакаме од односите со соседите, рече Петков.

Ја потврдивме позицијата за РС Македонија. Кога оваа позиција е поврзана само со дел од нашите заеднички односи, ги проширувме односите – авион до Скопје, бизнис, железница, одеднаш сите се поспремни да разговараат за целата можност на целата рамка за добрососедство. Верувам дека новиот пристап и желба за добрососедство ќе бидат разбрани и од РС Македонија, рече Петков.

Има причини зошто ништо не направено овие години, има сили во Бугарија и во РС Македонија кои не сакаат да имаат добрососедство на Балканот. Но, кога имаме јасна визија, не треба да не потресуваат провокации, за надворешната политика на нашите односи сме одговорни Димитар Ковачевски и јас Кирил Петков. До моментот се исполни сето она што го договоривме. Се е готово, немам причина да не му верувам, коментира Петков.