Првата дипломатка на Бугарија Теодора Генчовска утре наместо со својот колега Османи, кој се наоѓа во посета на Брисел, венец на гробот на Гоце Делчев ќе положи со министерката за култура Костадиновска Стојчевска и заменичката министерка за надворешни работи Фатмире Исаки.

Настанот ќе се одржи во 13 часот во дворот на црквата „Свети Спас“.

„Владата на Северна Македонија го поздравува учеството на делегациите на Бугарија во одбележувањето на 150-годишниот јубилеј од раѓањето на, за нас, најзначајниот историски лик за нашата земја, со што двете држави продолжуваат со напорите за интензивирање и продлабочување на вкупната соработка и зацврстување на довербата“, стои во соопштението на Владата на РС Македонија.