Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, се сретна со премиерот на Косово, Албин Курти.

По средбата, Села уште еднаш го соопшти својот и ставот на партијата во однос на иницијативата „Отворен Балкан“, за која вели дека нема смисла се додека Србија не ја признае независноста на Косово.

„Со премиерот Курти разговаравме за прашањето за кризата со пандемијата, мерките што ги наметна Република Косово, за што добивме уверување дека ќе бидат олеснети“, изјави Села.

Тој нагласи дека иницијативата „Отворен Балкан“ ќе биде штетна за државноста на Косово.

„Иницијативата нема никакво значење се додека последниот мозаик на стабилноста на Балканот, а тоа е признавањето на независноста на Косово од Србија се уште е отворено прашање. Мислам дека Отворен Балкан може многу штетно да се одрази на државноста на Косово и на Албанците воопшто“ изјави Села.