Студентите и професорите да се охрабрат и да пријават корупција доколку забележат, апелира ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, во интервју за Гласот на Америка.

„Главниот проблем е да се стигне до институциите коишто треба да се справат со корупцијата. Треба да се охрабрат студентите и професорите за транспарентно и отворено да пристапат кон укажување или докажување на тие коруптивни моменти коишто, ако не се обелоденат, не можеме да ги знаеме“, вели Јанкуловски.