64 годишниот пенизонер од струшкото село Мислодежда, Љуљзим Мена, веќе четири години самоиницијативно со свое возило, на кое има поставено плуг, го чисти снегот од локалните патишта кои водат до десеттината села во регионот на Струга, објави Гласот на Америка на македонски јазик.
Локалните жители велат дека Мена по некогаш и двапати поминува територија од педесеттина километри за да помогне во отстранувањето на снегот.
Честопати стигнува прв, пред да дојдат дури и оние кои се должни да ги исчистат патиштата. Мена е пензионер, кој својот работен век го поминал во Швајцарја, но пред неколку години повторно се враќа во својот роден крај.