Претседателот на државата Стево Пендаровски попладнево го посети Мартин Милетиќ од Тетово, кој има 25 години, а кој пред неколку дена во пожар спаси свој 50-годишен сосед.
-Подготвеноста да се ризикува својот живот за другите е карактеристика на хероите. Чест ми е што го запознав младиот херој Мартин Малетиќ, кој во неодамнешниот пожар во тетовската населба Колтук му го спаси животот на својот сосед. Неговата храброст и пожртвуваност заслужуваат огромно признание и восхит, порача Пендаровски.
Пожарот се случи на 28 јануари. Младиот Мартин во петокот околу 19 часот во моментот кога видел дека огнот се разгорува, а неговиот сосед е се уште во куќата, тргнал да го спасува. Иако мајка му го одвраќала од намерата, тој продолжил порачувајќи дека или двајцата ќе излезат или никој.