Пратениците од БЕСА им пренеле на ВМРО ДПМНЕ дека за нив е неприфатливо да има една изборна единица, објави Телма.
За какви било измени на Изборниот законик неопходен е консензус на сите политички партии. Алијанса на Албанците се залага за 8 изборни единици колку што има економски зони, додека ДУИ и БЕСА сметаат дека доколку се променат изборните правила тогаш најприфатливо решение би било три изборни единици.Разговорите ќе продолжат и утре.
Малите партии, потписнички на измените бараат да се отвори комисиска расправа во наредните 15 дена. За висината на изборниот праг ќе се земат предвид компаративните искуства од земјите членки на ЕУ и ќе се утврди кој модел е најсоодветен за нашата држава.