Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на својот Фејсбук профил објави дека Франција и Северна Македонија ги имаат поставено европските перспективи на заедничка патека, создавајќи основа за изградба на постабилна, поефикасна и побезбедна Европа.
„За нас е многу важно што Франција го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, со јасно поставени стандарди и без да се губи време. Засилената економска и севкупна билатерална соработка, како и НАТО сојузништвото се дополнителни одредници за кои сме упатени едни кон други да соработуваме и да се поддржуваме. Позитивна средба со Изабел Думон, дипломатскиот советник за Континентална Европа и Турција на Претседателот на Франција, Емануел Макрон“, пишува Османи.